Фото: Маја Јаневска Илиева

Традиционално, секоја година на 1-ви јануари моторџиите од Скопје се собираат на плоштад да си ја честитаат Новата година.

Моторџиите се собираат на плоштадот Македонија во 12 часот за симболично да го означат почетокот на новата сезона.

Студеното време воопшто не претставува пречка за вљубениците во машините на две тркала да си ја честитаат Новата Година со греана ракија и винце. На плоштадот присуствуваат искусни и добро познати моторџии како и новајлии за кои ова е прво зимско возење.