Корисниците во општина Центар вo понеделник и во вторник од 9 часот можно е да имаат мали прекини во водоснабдувањето поради чистење и хлорирање на левата комора од резервоарот Водно што ќе го спроведе екипа на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, чистењето и хлорирањето двата дена ќе почне од 9 часот, а евентуалните прекини во водоснабдувањето ќе траат до завршување на работата.