Меѓународна изложба на олдтајмери ќе се одржи утре од 9 до 17 часот на улицата „Михаил Цоков“ до општина Центар. 

Изложбата „Олдтајмер Ревија Скопје-Центар 2018“ е организирана од страна на „Олдтајмер Клуб Класик АВЈ“ – Скопје. 

Поради одржувањето на манифестацијата ќе бидат воведени мерки за посебен сообраќаен режим во близина на оваа сообраќајница.