Во Скопје во петок и во сабота на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање во Македонија „Скопје на мраз 2019“ (Skopje on ICE 2019). Натпреварот е организиран од Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија во соработка со Спортскиот центар.

На натпреварот ќе учествуваат 75 натпреварувачи, 21 од Македонија и 54 натпреварувачи од странство, поточно од : Србија, Бугарија и од Словенија.

Учесниците ќе лизгаат во пет категории: кадети „Ц“, кадети „Б“, младинки, јуниорки и сениорки.

Свеченото отворање е во петк, со почеток во 19 часот.