Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје заради зголемена информираност на јавноста за спроведените оперативни активности го објавува месечниот извештај за октомври 2020 година. Сите оперативни активности спроведени од страна на претпријатието се со намера за пресретнување на потребите на корисниците и граѓаните на Скопје, одржување на водоснабдувачкиот систем, подобрување и унапредување на инфраструктурата и за одржување на висококвалитетното ниво на водата за пиење.
– Само во секторот водовод се реализирани 1.032 интервенции, каде што се отстранети 92 улични и 420 дефекти на шахти, поставени се 16 затворачи, 19 огрлици, 98 приклучни цевки, 13 хидранти, 31 нов приклучок, променети 310 водомери, 33 изведби на водоводна мрежа. Во секторот канализација, реализирани се 23.944 интервенции, односно се спроведени 7.485 проверки на шахти, 12.511 изведби на површинско чистење на решетки од сливници, 3.534 изведби на рачно чистење шахти и сливници, влечење талог од 71 шахта со употреба на цистерна со вакуум; 30 перења на канализација со цистерна со вакуум; 265 одзатнувања на канализација со цистерна со притисок; едно одзатнување со сајла; перење шахта и сливници со цистерна со притисок; 11 акции за отстранување отпад со возило; 19 чистењa на сифон; десет чистења на решетки; една поправка на сливници; четири монтажи на решетки од сливник; десет влечења од јама; снимање со камера (806 м); четири одзатнувања на фонтани; една изведба на фекална канализација; три изведби на атмосферска канализација; една изведба на шахта и сливник; 8.593 дератизации на шахти.

Во Секторот за технички работи и развој се реализирани 11 основни проекти (два за водоводна мрежа, три за фекална канализација, еден за фекален колектор и два за атмосферска канализација), два проекта за дислокација на водоводна мрежа, еден проект за реконструкција и доградба на водоводна мрежа, еден проект за пренасочување фекална канализација по крак на сервисна улица – информираат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека секторот механизација во секојдневното опслужување со механизација и возила на сите сектори извршил 225 интервенции, а во дежурно-информативниот центар се пријавени и реализирани 1.586 интервенции. Секторот за санитарна контрола, пак, реализирал 1.467 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од градскиот водоснабдувачки систем.