Темелно се чистеше плочникот во ТЦ „Лептокарија“

Општината Карпош започна со машинско темелно чистење на јавните површини, а целта е заштита на животната средина. Чистењето со новите машини започна од трговскиот центар „Лептокарија“, а таму вчера темелно се чистеше плочникот. Овој трговски центар во летниот период е најфреквентната локација во општината, па тоа е и причината да се почне од таму каде што граѓаните најмногу се движат.
Како што информираат од општината Карпош, дополнително, со овие машини ќе се чисти и плочникот кај „Млечен ресторан“, потоа кај Педагошкиот факултет, како и во Порта Влае. Од Карпош велат дека со новите машини и на овој начин се обезбедува потемелно чистење на јавните површини, од прашина, кал и други честички и дека како локална самоуправа и натаму ќе продолжат со интензивните активности за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.