Средовечен маж се качи меѓу разурнатите столбови на дивоградбата пред „Мавровка“ за време на уривањето. Тој успеа да влезе во карабината, зеде парче од урнатиот столб, кога полицијата го фати и го истурка надвор.

Човекот пружаше отпор, им викаше на полицајците, не сакаше да излезе и тие на сила го извлекоа. Во меѓувреме застана со работа и багерот што урива.

– Човекот не е ментално добар – рече еден од работниците на „Македонијапат“ кои го следат уривањето.

Полицијата е распоредена секаде околу објектот којшто се урива и не дозволува никој да помине.

За време на уривањето, за првпат јавно се појави и сопственикот Мевљудин Алити, кој тврди дека ги има сите одобренија за градење со платени давачки и комуналии, и најави тужба во Стразбур.