Во општина Ѓорче Петров денеска почна летната акција за бесплатно собирање електричен и електронски отпад од домовите. Акцијата се спроведува во соработка со друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“.

Она што треба да го сторат жителите на општината е да свртат на телефонскиот број 070/236-000 по што бесплатно ќе биде преземен електронскиот или електричниот отпад од прагот на нивниот дом. На истиот принцип, ќе може да пријават габаритен отпад и во најблиската урбана или месна заедница во Ѓорче Петров или во „Нула Отпад” на телефонскиот број 02/3256-309.

– Се надевам дека оваа акција ќе им биде од големо значење, како и нам, со тоа што очекуваме да се намали габаритниот отпад кој досега се фрла во близина на контејнерите и на неозначени места и тоа предизвикува проблем за нашите служби, изјави градоначалникот Александар Наумоски.

Во рамки на акцијата, поставен е и контејнер за електричен и електронски отпад пред трговскиот центар „СП Планет” во Ѓорче Петров.