Стерилизациите и тестирањата на сите бездомни кучиња на територијата на град Скопје се бесплатни, соопшти ЈП „Лајка“.

– По многубројните пораки и прашања од хумани граѓани, сакаме да информираме дека за услугите ЈП „Лајка“ не неплаќа дополнително, напротив, удомувањата се бесплатни и граѓаните не плаќаат никаков надоместок за тоа. Пријавувајќи бездомни кучиња за стерилизација, како хумани и совесни граѓани придонесувате во намалување на популацијата на бездомни кучиња на територијата на град Скопје – велат од „Лајка“.

Додаваат дека ветеринарните интервенции, како стерилизација/кастрација, кои се спроведуваат во Ветеринарната служба на прифатилиштето на ЈП „Лајка“, се извршуваат во современо опремена сала за оперативни зафати од тој тип со соодветни техничко-хигиенски услови и стручен кадар со цел обезбедување целосна заштита од инфекции на кучињата при изведба на овие ветеринарни практики и хуман третман на бездомните кучиња.