Фото: Маја Јаневска-Илиева

Од Град Скопје соопштија дека новогодишното украсување на Скопје ќе почне на 10 декември.

– На повикот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат – истакнуваат од оваа институција.

Ова е време кога, како што додаваат од таму, работите треба да се менуваат.

– Кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот – изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата „Линк Медиа“.

Од компанијата најавиле дека со украсување ќе започнат на 10 декември.

– Град Скопје и „Линк Медиа“ спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во октомври оваа година – потенцираат во соопштението од Град Скопје.