Во нов амбиент и незаменлива автентична атмосфера, кафана Лантерн на ул. Боемска 2 во Дебар Маало им овозможува на сите гурмани и обожаватели на боемскиот живот вистинско Скопско боемско уживање.

Со ново мени кое изобилува со традиционални и интернационални специјалитети подготвени од нашите врвни мајстори, апетитот и сетилата за вкус на гостите се поттикнати уште од првата посета.

Чувствувајте се опуштено со одлична енергија во било кој дел од денот. Деловен или семеен ручек, дружба со пријателите или било каков вид прослави, нашиот посветен тим е тука да ве услужи и да направи да се чувствувате попријатно од било каде.

Гостите ќе имаат можност да уживаат во постојана музичка програма сѐ до крајот на летото како и есента со уште поголеми музички изненадувања, слушајќи познати рефрени кои гарантираат одична забава и незаборавни моменти.

Кафана Лантерн е достапна за сите гости и туристи во главниот град седум дена во неделата од 8 часот наутро за вкусен енергичен појадок до незаборавни весели седенки до полноќ.

Телефонски броеви за резервации: 071 361 751 и 071 295 311