Фото: Игор Бансколиев

Канцеларијата на УЈП во Општина Аеродром, почнувајќи од денеска, до крајот на годинава ќе работи до 18 часот, информират од општина Аеродром.

Со новото работно време, посочуваат од општината, граѓаните ќе имаат можност во продолжениот рок да ја исполнат својата законска обврска кон УЈП и да се пријавуваат во системот е-персонален данок во попладневните часови.