„Среќна и безбедна 2022 година во семејно и пријателско дружење“ е кампањата што ја започна Одделението за превенција при СВР-Скопје, во соработка со Општина Кисела Вода и ОБСЕ, за да се издигне свеста за последиците од користењето на пиротехничките средства.
Претставници од СВР и од Кисела Вода ги посетија учениците од ООУ „Партенија Зографски“, каде што преку едукативно предавање, ги запознаа со законските одредби и со опасностите, но и последиците од користењето на петардите и другите пиротехнички средства.
Децата добија летоци и пригодни подароци, кои содржеа пораки за безбедно однесување. Наедно, апелот е упатен и до родителите, кои треба да работат со своите деца и да им укажат на опасноста и последиците од користењето на петардите, кои се чест декор за време на новогодишните празници.
Превентивните активности ќе продолжат и во наредниот период.