Со самиот почеток на учебната година, а и со зголемувањето на бројот на заразени од коронавирусот, градските власти почнаа кампања за заштита на средношколците од овој вирус.
За таа цел, градот заедно со збратимениот град Нирнберг подготви кампања за безбедност во училиштата.
За да се издигне јавната свест кај учениците и да се почитува протоколот за заштита од ковид-19, беа изработени неколку анимации и постери што на едноставен начин советуваат како најлесно и практично да се заштитат себеси и луѓето околу нив.
– Со физичкото присуство за време на наставата најважно е да се почитуваат зададените мерки од јавните медицински институции за спречување на ширењето на пандемијата, која трае веќе втора година, кај нас и во светот. Одржување дистанца, миење раце и носење маска се основните и најважни мерки што треба секојдневно да се почитуваат за време на училишните часови, но и надвор од нив, затоа што само заедно и одговорно можеме да се бориме против оваа пандемија – информираат градските власти.