Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) од 18 часот најави протестен мото-синдикален граѓански марш, во знак на негодување за постапката и иницијатива за покачување на струјата.

Протестот ќе тргне од „Чаирчанка“ и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.

Претходно и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави протест за цената на електричната енергија кој ќе се случува денеска.