Во текот на масовната акција за генерално чистење на скопските општини, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје отстрани вкупно 200 кубни метри отпад од диви депонии.

Од претпријатието соопштија дека во рамките на акцијата се спроведоа активности за рачно и машинско метење, како и миење на главните и на споредните улици со автоцистерни, а во девет скопски општини се поставени специјални контејнери за собирање кабаст отпад, во коишто граѓаните фрлиле 135 кубни метри отпад составен од стар мебел, електрична и електронска опрема.

Граѓаните во текот на целата година може да го однесат кабастиот отпад без плаќање паричен надоместок во Центрите за селекција во Карпош и во Вардариште.