Во текот нa денешниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром.

– И покрај тоа што расчистувањето на дивите депонии не претставува примарна обврска на ЈП Комунална хигиена-Скопје, нашите екипи и денеска отстранија огромно количество отпад одложен на јавни површини во повеќе скопски општини.

Апелираме до надлежните инспекциски служби да започнат да дејствуваат на терен и соодветно да ги санкционираат овие прекршувања на Законот за јавна чистота, со цел да се заштити животната околина и јавното здравје од потенцијалните штетни последици од ваквото несовесно однесување.

За да го одржиме максималното ниво на хигиената на јавните површини во градот Скопје, неопходно е заедничко дејствување на сите надлежни институции на терен, а не само на екипите на Комунална хигиена – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.