Со соодветна механизација, Општина Карпош исчисти уште една дива депонија на територија на Карпош, во околината на Злокуќани, кај напуштеното фудбалско игралиште. На оваа локација со години се фрлал отпад од страна на населението. Тука често се палеа и огнови на отворено, со што дополнително се придонесуваше кон зголемување на аерозагадувањето.

Со цел да се спречи ново создавање на депонија, Општина Карпош ги интензивира инспекциските контроли во овој дел, а воспоставена е и комуникација со полицијата за редовни патроли во вечерните часови. Дополнително, во текот на денешниот ден, комуналните служби на Општина Карпош целосно беа фокусирани на темелно чистење на Злокуќани.

Во претстојниот период, ќе се чистат и мини депонии под мостот „Газела“, како и во Бардовци, во близина на р.Лепенец. Претходно, Општината ја затвори депонијата кај мостот „Газела“ (спроти Карпош 4), како и децениските депонии кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Локалната самоуправа ги повикува сите граѓани да се грижат за животната средина и да придонесат за чист и зелен Карпош.