Граѓаните добија поубав пристап до своите домови

Општина Карпош продолжува со урбанизацијата на Бардовци и обнови уште два краци од улицата 14 во населеното место Бардовци. Едниот крак е со должина од 73 метри и ширина 3,20 метри, а другиот крак е долг 29 метри и широк четири метри.
– Овие градежни активности на локалната самоуправа се во насока на развој на руралните делови и нивна планска урбанизација, а со ова Општина Карпош продолжува со реконструкцијата на улици во населеното место Бардовци.

Во изминатиот период, локалната самоуправа изврши санација на повеќе улици во Бардовци, и тоа крак од улицата 19, потоа крак од улицата 20, крак од улицата 18 и крак од улицата 4. Реконструкцијата на улицата 19 беше во должина од 150 метри и ширина од три метри, а кракот од улицата 20 во должина од 140 метри и ширина 3,80 метри. Општината продолжува да инвестира во одржување на постојната инфраструктура, но и во развој на нејзините периферните делови -информираат од Општина Карпош.

Надлежните велат на овој начин се олеснува пристапот за повеќе домаќинства, а се зголемува и безбедноста за движење на сите учесници во сообраќајот.