Овој викенд, во периодот од 7 до 17 часот, во организација на Автомобилистичка федерација, ќе се одржи меѓународен кружен натпревар во автомобилизам ФИА – ЦЕЗ Награда на град Скопје „Скопје-2019“.

Натпреварот ќе се одвива на потегот од крстосницата помеѓу бул. Крсте Петков Мисирков и бул. Гоце Делчев, право до крстосницата помеѓу бул. Гоце Делчев и ул. Беласица, до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосницата помеѓу улиците Владимир Комаров и Беласица.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, пришто сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.