Возниот ред на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ е редуциран поради новогодишните и божикните празници и зимскиот училишен распуст.

Вo понеделник, на Божик, автобусите од јавниот превоз ќе возат по неделен возен ред.

Граѓаните повеќе информации за возниот ред можат да добијат во Диспечерскиот центар на 3173-224 и на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.