Општината Ѓорче Петров изгради коса рампа пред Домот на културата и со тоа им обезбеди пристап на лицата со хендикеп. Оттаму надлежните велат дека се залагаат и работат на создавање општество без разлики и еднаквост за сите. Додаваат дека секој заслужува еднаква шанса за остварување на своите права.

– Го подобривме пристапот во Домот на културата во Ѓорче Петров. Наместо несоодветната рампа, изградивме нова стандардизирана пристапна рампа со две монтажни патеки кои треба да ги премостат скалите во внатрешноста на Домот. Општината досега има изградено 14 пристапни рампи во сите јавни установи на своја територија. Оваа година останува да се реши и вертикалната пристапност во основните училишта – велат од општината Ѓорче Петров.

Надлежните појаснуваат дека нивните заложби се за рамноправност, за целосно и достоинствено уживање на човековите права на лицата со хендикеп.