Фото: Град Скопје

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, го назначи Иван Илиевски за в.д. директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков, кој е разрешен од функцијата, информираат од кабинетот на Арсовска.

-Илиевски со години работи на раководни позиции во Авто-мото сојузот на Македонија и „Македонија sообраќај aмерит“. Во текот на својот професионален ангажман работи и за развој на центрите за обука на институциите како сертифициран инструктор на Академија на Унијата за патен транспорт (IRU Academy) за обука на менаџери на транспортни компании, возачи во меѓународен патен транспорт и транспорт на опасни материи. Илиевски e член и на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Град Скопје – објаснуваат од Град Скопје.