Од денеска скопската зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата со коронавирусот.

Од Зоолошката градина информираат дека посетителите при влезот ќе треба да носат маска или марама, а ред ќе се чека на дистанца од 1,5 мeтри кое е уредно обележано.

„Строго е забрането хранење и доближување до животните. Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта. Низ зоолошката градина, посетителите ќе мора да држат дистанца од другите посетители“, информираат од Зоолошката градина.

Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да не се создава голем метеж.