Во Зоолошката градина во Скопје пристигнаа шест нови пингвини од Русија, од кои три мажјаци и три женки.

Пингвините пристигнаа вчера, и, како што беше соопштено од Зоолошката градина, тие се прилагодуваат на новите услови.

По пристигнувањето во Скопје, ставени се во краток карантин.

– Пингвините се добро и супер се адаптираат. По пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште – велат од скопската Зоолошка градина.

Најавено е дека дополнително ќе бидат објавени повеќе информации за возраста, имињата и карактеристиките на животните.