Граѓаните што користат јавен градски превоз за празничните денови ќе можат да ги дополнат своите електронски картички во три дежурни билетарници на ЈСП и тоа кај Зеленото пазарче, Транспортниот центар и една во населбата Ѓорче Петров.

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека им излегуваат во пресрет на своите корисници и за нив ќе бидат дежурни три билетарници на различни локации во градов. На празничните денови в петок, недела, понеделник и в среда, на 1 мај, дежурните бисерниците кај Зеленото пазарче и Транспортниот центар ќе работат со исто работно време од 7 до 19.30 часот. Билетарницата, пак, во Ѓорче Петров ќе биде отворена за граѓаните од 7 до 13 часот.