ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со сообраќајната полиција во Скопје, за седум дена санкционираа 181 непрописно паркиран возач што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 27 септември до 3.10.2021 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, се отстранети 108 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ се санкционирани 73 возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани – информираат општинските власти.
Оттаму додаваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места, за да им се овозможи на пешаците и на велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.