Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со сообраќајната полиција во Скопје, во текот на една недела санкционираа 182 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 16 август до 22.8.2021 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, се отстранети 93 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ се санкционирани 89 возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници резиденти на секторот во којшто биле паркирани – информираат од Општината.

Оттаму апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот за да се зачува безбедноста на другите учесници во сообраќајот и да се реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на Општина Центар.