Фото: Игор Бансколиев

Во текот на изминатата недела (8.1.2021 – 14.1.2021 година), со специјалните
возила пајак се отстранети вкупно 168 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 29 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 139 возила по налог на сообраќајната полиција, по основа на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, на велосипедска патека, на пешачки премин, на тротоар, на зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 365 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 29 возила се отстранети со пајак-службата поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да ги чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС или со греб-картичка.