Во школскиот двор на ОУ „Живко Брајковски“, денеска се одржа еколошки хепенинг и беа засадени 25 јасенови дрва, информираат од општината Бутел.

Градоначалникот на општината Велимир Смилевски, директорката на училиштето, наставниците од секцијата по биологија и учениците учествуваа во овој хепенинг за поубава и позелена еколошка средина.

Градоначалникот истакна дека овие дрва се само дел од активностите за хортикултурно и содржинско уредување на огромниот двор на ова училиште. Овие активности треба да бидат поттик за учениците, нивните родители и наставниот кадар за негување и чување на животната средина.

Учениците се обврзаа дека ќе ги негуваат и наводнуваат засадените дрва. Оваа и повеќе други нивни пораки беа поставени до стеблата на јасените, се наведува во соопштението од општината.