Запрени се 31 детален урбанистички план во општина Центар. Советот со мнозинство гласови од советниците ја изгласа одлуката за запирање на спроведување ДУП-овите со времетраењето на мораториумот од два месеци, информираат од општината.

– Разгледувањето на овие Детални урбанистички планови е веќе во заврша фаза, а на советниците им беше прикажана и видео-презентација. Планската документација ќе се носи транспарентно и сите забелешки од советниците и од граѓаните ќе се земат предвид – посочуваат од општина Центар.