Започнува уписот на деца во прво одделение, во сите десет основни училишта во општина Карпош, за учебната 2021/2022 година. Во општина Карпош, запишувањето на новите ученици ќе се одвива во две фази:

– Доставување на потребни документи до училиштето, по електронски пат на uslugi.gov.mk или директно до Комисијата за упис на деца во I одделение (составено од секое основно училиште);

– Средба (разговор) со детето, на закажан термин во согласност со Протоколот за упис на ученици.

Од оваа година, доставувањето на документи може да се прави и по електронски пат, со цел да се намали метежот по образовните установи, но и да се избегне групирање и ширење на вирусот.

Физичкото присуство останува како задолжително за да се спроведе интервјуто со ученикот кој се запишува. Сепак, генерално, ако дозволуваат временските услови, овие разговори ќе се спроведуваат во отворените еко – училници на сите училишта.