Фото: Маја Јаневска-Илиева

Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу најзагадените градови во светот. Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е второрангиран на листата на најзагадени места во светот според мерењето „Ер вижуал“.

Според оваа листа, на табелата која беше објавена изутринава на прво место е Бишкек, Киргистан, на второ место е Сараево, додека на третата позиција е Њу Делхи во Индија.

Во однос на регионот, загадени градови се Белград, Скопје и Приштина. Белград е на шестото место на листата, пред Скопје кое што е на седмото место.

Индексот за квалитет на воздухот се фокусира на најопасните честички, вклучувајќи ги и оние помалку од 2,5 микрометри и помеѓу 2,5 микрометри и 10 микрометри.