Завршува реконструкцијата на вториот дел од улицата Народен фронт во населбата Капиштец.
Со реконструкцијата целосно се уредува коловозот, на површина од вкупно 11.542 квадратни метри, а опфатени се и трите краци на улицата што минуваат помеѓу зградите.
– Покрај коловозот, на Народен фронт се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и поголема безбедност, се воведува резидентно паркирање за станарите и ќе биде поставено ново енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување – велат од Општина Центар.
Оттаму додаваат дека со завршувањето на градежните активности на вториот дел, ќе започне третата и финална фаза што ќе биде готова на почетокот на октомври.