Град Скопје ги потсетува граѓаните дека денеска, до 15 часот, може да аплицираат за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот.
Со оваа мерка Град Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето-износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции може да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до илјада денари.
Оваа година Град Скопје има предвидено два милиона денари за оваа мерка, или вкупно средства за доделување на околу 1.660 субвенции, а досега се пристигнати само 470 барања.