Заврши реконструкцијата на улицата 4 во населбата Долно Лисиче во општина Аеродром. Сообраќајницата имаше оштетен асфалт, кој е заменет со нов, а пред да се асфалтира беше поставен и нов тампон. Обновената улица е во должина од 270 метри и површина од 820 квадратни метри. Новиот коловоз на улицата ќе им овозможи на граѓаните побезбедно сообраќање и нема повеќе да ги кршат автомобилите по дупките што ги имаше во асфалтот. Од општината Аеродром велат дека со забрзана динамика ја уредуваат патната инфраструктура, за да се олесни секојдневното функционирање на жителите. Инаку, реконструкцијата на сервисните улички е обврска на општината.