Општина Карпош ја заврши реконструкцијата на паркинг-површината на улицата Атинска, во урбаната заедница Владо Тасевски. По гребењето на стариот слој, поставен е нов асфалт на површина од 800 квадратни метри.
– На овој начин се подобруваат пристапот и безбедноста за граѓаните што живеат во овој дел од Карпош, имајќи предвид дека инфраструктурно улицата повеќе години беше во лоша состојба – велат од Општината.
Оттаму додаваат дека локалната самоуправа во изминатиот период реализирала целосна реконструкција на трите пристапни краци од улицата Вич во Карпош 4, а целосно е обновен и дел од Ловќенска 4 во Козле.