Жичницата Милениумски крст од денеска ќе работи еден час помалку од досега, односно до 18 часот.

Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од доле нагоре е во 17:30 часот, односно во 17:45 часот од горе надоле.

Согласно утврдениот возен ред, работното време од 10 до 18 часот важи до 1 ноември.

Жичницата на Средно Водно работи секој ден освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот.