Поради одржување на „Алпинистичка вежба-Водно 2019“, Жичницата на Водно утре, 30 мај, нема да работи до 12 часот.

Автобусите што сообраќаат кон Средно Водно ќе возат по вообичаениот возен ред.

Времениот прекин на работата на Жичницата е поради користење на објектот за потребите на вежбата, која ќе се одржи во рамки на активностите по повод Денот на полицијата, кон која со логистичка поддршка ќе се вклучи и ЈСП Скопје како субјект кој стопанисува со Жичницата.