Седум часа без електрична енергија денеска ќе останат некои од жителите на селото Усје и тоа од улиците 1, 4 и 6, лоцирани на крајот на селото. Прекинот во снабдувањето со струја ќе биде во периодот од 8.30 до 15.30 часот. Исто така во периодот од 8.30 до 11.30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и жителите од селото Ракотинци, а од 9 до 12 часот ќе немаат струја и корисниците од улицата 10 во селото Долно Соње. Во интервал од 9 до 11.30 часот прекин во снабдувањето ќе имаат и корисниците од улицата Јуриј Гагарин, од број 87 до број 99, во општината Карпош.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на градот Скопје информираат дека причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изведувањето планирани технички зафати во електросистемот на градот Скопје од страна на екипи на „ЕВН Македонија“.

Голем дел од општината Центар завчера во попладневните часови остана без електрична енергија, а булеварот Илинден беше во целосен мрак. Не функционираа ниту семафорите и не работеа кафеаните во Дебар Маало. Во истиот попладневен прекин во Центар, снема електрична енергија и на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. Оттаму подоцна соопштија дека критичните новороденчиња биле во добра здравствена состојба.