Општината Гази Баба, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, реализира есенска акција за чистење на локалните улици во населбите. Машински и рачно на терен работеа 30 работници, а на улиците поминуваа две автоцистерни, три специјални комунални возила патарки и две електрични метларки.

Изминативе денови во рамките на акцијата исто така рачно и машински се миеја и метеа булеварите и улиците, а се чистеа и ѓубриштата од дивите депонии. Во акцијата беше вклучено и чистење на дворовите во градинките и основните и средните училишта во општината Гази Баба.

– Градоначалникот на општината Гази Баба, Борче Георгиевски, и помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Етула Амети, присуствуваа на екопредавањето во ООУ „Стив Наумов“, каде што учениците беа информирани за штетноста на дивите депонии што се создаваат како резултат на несовесното постапување со отпадот и директно ја загадуваат животна околина -информираат од ЈП „Комунална хигиена“.