Општина Карпош продолжи со есенската акција за зголемување на зеленилото во неколку населби во општината. Се зголемува зеленилото во Влае 2 (на плоштадот „Делфина“), Тафталиџе 1, Карпош 2, Карпош 1, Козле („Јуриј Гагарин“ меѓу зградите бр. 33 и 35), Карпош 3 (во рамките на спортско-рекреативниот центар во ООУ „Лазо Трповски“).
Како што информираат од Општината, засадени се вкупно 34 високоизраснати листопадни и зимзелени дрвја: јавори, јасени, липи и туи.
Како дел од овие активности, во изминатиот период беа засадени ново зеленило и тревна површина и во Тафталиџе (по должината на булеварот Партизански одреди), во Карпош 4, како и во УЗ „Владо Тасевски“