Авиокомпанијата Ер Србија воведе онлајн чекирање за Скопје и за уште 29 градови во регионот. Ваквата опција е воведена и за Подгорица, Сараево, Тиват, Тирана и поголем број градови од поранешна Југославија.

Онлајн чекирањето, според компанијата, ќе им олесни на патниците кои досега мораа да доаѓаат на аеродром да се пријават минимум еден час пред летот за да го обезбедат своето седиште во авионот.

Оваа опција ќе биде достапна најрано 36 часа, а најдоцна еден час пред самиот лет.