Во основното училиште „Ацо Шопов” во населба Радишани денеска се одржа еко-манифестација по повод собирната акција на пластична амбалажа, во соработка со ЈП „Комунална Хигиена”- Скопје и Театарот за деца и младинци.

Учествуваа сите ученици од основното училиште, а награди беа доделени на учениците од одделението кое собра најмногу пластичен отпад за рециклирање.

Градоначалникот Велимир Смилевски заедно со директорот на јавното комунално претпријатие го поздравија настанот и порачаа дека ваквите еко-акции ке продолжат и во иднина, се со цел одржување на здрава и чиста еколошка средина и подигнување на свеста кај најмладите во нејзино зачувување.