Фото: Маја Јаневска-Илиева

Пролетното чистење на јавните површини секако е потребно за да се отстрани сето она што се наталожило во изминатите и постудени денови. Но исчистеното треба да остане чисто и за тоа треба да се грижиме сите и да покажеме малку повеќе граѓанска иницијатива и поголема свест за хигиената на градот. Навистина е нелогично сѐ уште да зборуваме за расфрлано ѓубре, додека во другите земји одамна селектираат и рециклираат отпад.

Како дел од платформата „Дали рециклирате!?“, вчера на кејот на Вардар се одржа третата едноподруго еко-акција. Во неа учествуваа амбасадорите на Велика Британија и на САД, како и заинтересирани граѓани. Еко-акцијата беше во организација на „Пивара Скопје“, Амбасадата на Холандија во Македонија и компанијата „Пакомак“.