Училишната заедница на СУГС Гимазија „Никола Карев“ во соработка со Агенција за млади и спорт и еколошкиот „Биди зелен клуб – Никола Карев“ организираат повеќе настани кои ќе се одржат на 27 декември (петок) со почеток во 19.30 часот во гимназијата „Никола Карев“.

Организаторите најавуваат турнир во табла проследен со свирка. Ќе настапуваат бендови од Карев – Basement cult, Пешачки премин, 4:33 и како гости се средношколските бендови: Волт и Алтер его.

Исто така ќе има и наградни игри. На инстаграм-профилот на @mladinska_karticka е објавена специјалната награда, седумдневно патување за двајца на островот Крф. Победниците ќе бидат случајно извлечени и прогласени на самиот настан. За време на настанот книжарница ТРИ ќе има штанд на којшто ќе има најразлични книги со попуст до дури 50 отсто.

Настанот има еколошки карактер, па затоа влезница ќе бидат две пластични шишиња или една празна батерија.