Беа одржани едукативни часови на темата „Чиста вода“ во три основни училишта и во три детски градинки во општината Гази Баба.

– Часовите беа реализирани во образовните институции и во предшколските установи во кои неодамна беа инсталирани системи за филтрирање на водата за пиење со минерализатор, за да им се објасни на децата важноста на чистата вода – информираат од општината Гази Баба.

Ваква едукација имале основците од „Крсте Мисирков“, „Григор Прличев“ и „Наум Наумовски-Борче, како и најмалите од градинките „Сончоглед“, „Детелинка“ и „Калинка“.

– Едукативните часови, адаптирани на возраста на децата се реализирани од тимот на „Бентен Пан“ и претставници од општината Гази Баба. Кај повозрасните деца беше презентиран техничкиот опис на системот за прочистување на водата, за реверзна осмоза како најсовремена технологија во моментот за прочистување на водата за пиење. Дружењето со малите деца беше посебно искуство. Препознавајќи ги својствата на загадената и нечиста вода, заклучија дека секоја чиста вода нема мирис, вкус и боја. Сите се согласија дека пиењето чиста вода е најздравиот напиток за нивниот правилен раст и развој и дека создавањето здрави навики е бесценето – објаснуваат од општината Гази Баба.