Средните училишта „Димитар Влахов“, „Јосип Броз-Тито“, „Орце Николов“, „Кочо Рацин“, „Никола Карев“, „Боро Петрушевски“, „Здравко Цветковски“, „Панче Арсовски“, „Сарај“, „Панче Караѓозов“ и „Михајло Пупин“ летово ќе добијат целосно реконструирани фасади, со што овие средни училишта ќе станат енергетски ефикасни.
На вчерашната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов истакна дека реконструкцијата ќе се реализира летово. Во преостанатите средни училишта ќе биде извршена целосна реконструкција на внатрешноста, а ќе биде заменета и столаријата, онаму каде што е потребно. При крај е рече и постапката за целосна реконструкција на средните училишта „Марија Кири-Склодовска“ и „Цветан Димов“.
– Целокупната вредност на зафатот изнесува над 60 милиони денари, средства што ги пренаменивме од криминалниот проект „Скопје 2014“. Нашите приоритети се трошење за вистинските потреби на граѓаните. Градежните зафати што ги извршуваме, истовремено, ќе ги направат средните училишта достапни и за децата со посебни потреби. Во тоалетите ќе бидат изработени посебни делови наменети за тие деца, бидејќи секој во Скопје има право на еднаква шанса и секој има право на живот – нагласи Шилегов.