Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со сообраќајната полиција во Скопје, санкционираа 133 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 3 август до 8.8.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 75 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичкото средство „блокатор“ се санкционирани 58 возила што биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – велат од Општината.
Оттаму додаваат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање е неопходна поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР-Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар за да се издигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.