Зелената партија ДОМ иницираше Петиција за зачувување на зеленилото на улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје под мотото: Сакаме „Даме Груев“ да биде зелена улица!

Повод за Петицијата е најавата за нејзино претворање во сообраќаен булевар на потегот од „Палома бјанка“ до „Макотекст“, при што би се отстраниле повеќе дрвја, би се намалила пешачката и велосипедската патека, а би се зголемил бројот на автомобили и сообраќајниот метеж.